ДУИ: Речиси 25 милиони евра потрошени за увоз на струја од почетокот на 2026 година

Демократската Унија за интеграција (ДУИ) објави конкретни факти, имајќи ги предвид изјавите на премиерот Христијан Мицковски во однос на работата на ЕСМ.

Партијата тврди дека двие податоци целосно ги демантираат тврдењата и дезинформациите кои доаѓаат од раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика.

Само од почетокот на 2026 година, се наведува во соопштението, ЕСМ, со цел да ги покрие потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, била принудена да набавува електрична енергија во најмалку два наврати:

• Јануари: 104.160 MWh по цена од 119,50 евра за MWh
Вкупно: 12.447.120 евра
• Февруари: 94.080 MWh по цена од 126,90 евра за MWh
Вкупно: 11.938.752 евра

Вкупно, за само два месеци се потрошени 24.385.872 евра за увоз на електрична енергија, посочуваат во партиското соопштение.

Според ДУИ, овие бројки јасно покажуваат дека ЕСМ нема доволен производствен капацитет за да ги покрие потребите на регулираниот пазар. Ова директно води кон зголемен притисок врз цената на електричната енергија за граѓаните.

Електроенергетскиот систем се соочува со сериозни предизвици, сметаат од ДУИ, а последиците од недомаќинското и нестручното управување ќе ги сносат граѓаните, преку зголеми фактури.

Зачлени се на нашиот е-билтен