Дујовски: На Балканот никогаш не било досадно, но војните овде се завршени

Дујовски

Балканот повеќе не е место за воени судири. Тоа е место за политички судири, и така ќе биде и во наредниот период. Авторитарните режими пополека ќе заминуваат во историјата, дали денеска, дали после неколку години, вели во интервју за Рацин.мк, професорот по безбедност, д-р Никола Дујовски.

Ова тој го посочува во делот на интервјуто во кое се осврнува на влијанијата на војната на САД и Израел против Иран и на рефлексиите на таа војна на Блискиот исток и во заливот и како тоа може да има влијание на Балканот

„Србија е регионална сила, тоа не е спорно. Меѓутоа Србија има застарена воена машинерија. Ова со што тие сега се вооружуваат ќе им треба многу време додека да ја повратат силата или да дојдат на некоја друга регионална сила“, смета Дујовски.

Тој укажува дека Хрватскам по многу параметри, по однос на одредени типови оружје и вооружување е рамна, ако не и понапред од Србија.

„Меѓутоа, не може така да ги гледаме работите. Сојузот помеѓу Хрватска, Албанија и Косово е одбранбен сојуз кој би имал за цел да го заштити Косово, бидејќи тоа е надвор од сите случувања, и односот на Србија кон Косово како територија, не како политика. Тие како политика долги години ќе имаат денес едно, утре друго, меѓутоа како територија Косово повеќе не може да биде повредено по ниту еден основ, затоа што НАТО е тука. НАТО е гарант на тоа. Мисијата КФОР на НАТО во Косово е постојано тука. Американската база Бондстил е тука. Има голем број на војници таму, има постојано движење“, анализира професорот по безбедност.

Тој вели дека никој не треба да се плаши на Балканот дека било кој ќе влезе во отворена војна.

„Балканот повеќе не е место за воени судири. Тоа е место за политички судири, и така ќе биде и во наредниот период. Авторитарните режими пополека ќе заминуваат во историјата, дали денеска, дали после неколку години“, е проценката на Дујовски.

Тој аргументира дека Балканот, Хрватска и Словенија и други држави се дел од НАТО и од Европската Унија.

„Ова веќе не е Балкан како што беше во деведесетите години. Ниту Србија, ниту пак од другата страна, било какви сојузи помеѓу две држави три држави, нема да донесе до тоа да има моќ за воени дејствија на Балканот. Тоа може да бидат само внатрешни конфликти, можеби во Босна и Херцеговина, но гледате и таму дека се случуваат промени, дека интеграцијата навлегува силно веќе во, во особено во делот на институциите. А ние во Македонија едноставно ниту имаме капацитет, ниту пак има такви закани дека може да се дестабилизира со меѓуетнички односи, меѓунационални прашања и така натаму“, оценува во интервју за Рацин.мк, професорот Никола Дујовски.

Зачлени се на нашиот е-билтен