Два авиони кружат над Скопје поради силен ветер, два пренасочени кон Приштина

Поради силниот јужен ветер што денеска го зафати Скопскиот Регион, четири авиони се соочија со потешкотии при слетување на скопскиот аеродром, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Од ДЗС соопштија дека два авиони се пренасочени кон Меѓународниот аеродром во Приштина, додека други два во моментов кружат над Скопје, очекувајќи нови насоки за безбедно слетување.

Според надлежните, силниот ветер е најизразен на поголема височина, што дополнително го отежнува приодот и слетувањето на авионите.

Зачлени се на нашиот е-билтен