Двајцата ексградоначалници на Кочани и ексдиректорот на ДПИ одат во куќен притвор

Основниот суд во Кочани донесе одлука да ја замени мерката „ефективен притвор“ со куќен притвор за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев, како и за поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат.

Оваа одлука е резултат на разгледување на жалбите поднесени од вкупно 17 осомничени во случајот со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

За останатите 14 лица, судот ги одби жалбите и ја потврди мерката притвор.

Обвинителството соопшти дека ќе поднесе жалба пред Апелацискиот суд во Штип за двајцата поранешни градоначалници, барајќи нивно враќање во ефективен притвор.

Во притвор останува актуелниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка по трагедијата во „Пулс“.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи на 16 март, при што загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени и се лекуваат во болници во земјава и странство.

Зачлени се на нашиот е-билтен