Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Две бугарски знамиња и ниедно македонско“ – граѓаните со критики за посетата на Сиљановска-Давкова во Бугарија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија се сретна со нејзиниот бугарски колега, Румен Радев, но тоа што граѓаните забележаа дека недостасува на средбата е македонското знаме.

Кога станува збор за ваква средба на највисокот ниво на државници на две земји, прашање на официјален протокол е на средбите е стандард да бидат изложени знамињата на земјите што ги претставуваат највисоките државници.

Во коментарите под објавата на социјалните мрежи на Сиљановска-Давкова граѓаните гневно коментираа и прашуваа каде ѝ е на претседателката знамето и која држава ја претставува на средбата.

„Државничка посета без македонско знаме?“, „На која слика да го побараме македонското знаме? И ако го немале дали може да го убациме со фотошоп? Оти ова вака срамота“, „Каде е македонското знаме?“, „Претседателке, го допревте дното. Не само што го допревте почнавте да гребете по дното“, „Лажни патриоти насекаде. Гордана, кај ја остави државата што ја претставуваш?“, „Две бугарски знамиња и неиедно македонско. Срамота, Давкова!“ се дел од коментарите под објавата на претседателката.

Инаку, како што се гледа од средбите на Радев со претходните државници на Северна Македонија, знамето на нашата држава е веднаш до знамето на Република Бугарија.

Знамето на Северна Македонија го немаше и на средбата на министерот за култура и туризам Зоран Љутков со неговиот колега од Бугарија Најден Тодоров.

Зачлени се на нашиот е-билтен