Две лица осомничени за тепачка со смртни последици и за нив е покрената истражна постапка со барање за притвор. За двете лица постои основано сомнение дека на 10 септември во паркот „Жена борец“ во Скопје му нанеле тешки телесни повреди на едно лице по што тоа два дена потоа починал во болница.
Двете лица на возраст од 44 и 46 години, се сомничат за кривично дело „тешка телесна повреда“.
– Сите тројца се сретнале и заедно пиеле алкохол, а потоа започнале меѓусебно да се расправаат. Вербалната расправија преминала во физичка пресметка, па двајцата осомничени со удари со тупаници и клоци по главата и телото му нанеле повеќе повреди на оштетениот. Како резултат на повредите тој два дена подоцна починал во болница, информира денеска Јавното обивнителство на Република Северна Македонија.
За двете лица е побарана мерка притвор.