Двете лица на бетонизацијата на Скопје

Овие денови неколку онлајн медиуми објавија документи и потсетија на некои од активностите од работата на Јана Белчева, советник во Град Скопје од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“. Со објавените документи се придружени сугестии дека Белчева, која годиниве наназад се профилираше и како гласен активист против бетонизацијата на центарот на главниот град и обезбедување услови за хумано живеење, имала други интереси кога станува збор за членови на нејзиното семејство.

Документите сведочат Советот на Општина Центар, во време кога градоначалник беше Саша Богдановиќ, издало одобрението за градење на зградата на улица „Коста Шахов“ број 8. Ова одобрение овозможило фирмата ДТУ Гибрис Холдинг ДООЕЛ Скопје, во сопственост на сопругот на сестрата на Јана Белчева да изгради станбена зграда кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, кога таа била советник што го отвора прашањето на судир на интереси. Одобрението е од 1 октомври 2021 година, поточно само две недели пред одржувањето на последните локални избори.

Суштината на овие сознанија е во тоа што тие ја откриваат другата страна на делувањето на Јана Белчева, спротивна на онаа со која таа во јавноста се промовираше како противник на бетонската урбанизација на Центар и на Скопје и застапник за хумано живеење.

Освен тоа, Белчева јавно ја застапуваше транспарентноста при носењето на ДУП и соодветно урбанистичко планирање за да се стави крај на урбанистичкиот хаос, а од друга страна не презела постапки членови на нејзиното семејство да се стекнат со одредена корист од ДУО-от ЈО7 од 2014 година, за кој онлајн порталите што ја објавија оваа информација сметаат дека е спорно донесем.

Според тие наводи, на име на членови на нејзиното најтесно семејство, односно мајката на Белчева, во Катастарот е впишана сопственост на имот на градежна парцела во Долно Водно, која во 2012 година општината ја впишала како градежна парцела за објект со домување со посебен режим, чија дозволива бруто изградена површина изнесува 535 метри квадратни.

Две години подоцна овие 535 метри квадратни во сопственост на семејството Белчеви се удвојуваат, па така со Одлука на Советот на Општината Центар бр.07-4414/4 од 18.07.2014 година, на оваа иста катастарска парцела ѝ се овозможува бруто изградена површина од 988 метри квадратни.

За оваа одлука на тогашниот Совет на општината, се вели дека не е донесена во согласност со Законот за локална самоуправа, каде е наведено дека ваква одлука се носи со мнозинство гласови од Советот на Општина Центар. Тргнувајќи од фактот дека Советот е составен од 23 советника, логично, потребно е мнозинство, односно 12 гласови „ЗА“, за одлуката да биде усвоена.

Спорната одлука за овој ДУП за Градска четврт Ј07 од 2014 година, каде е парцелата на Белчеви, односно прописот на Советот на општина Центар, е донесена со 11 гласови „ЗА“, односно со поддршка на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти исто толку  гласови „ПРОТИВ“, од советничка група на СДСМ.

За ваквата одлука на Советот бурно реагираше тогашниот градоначалник Андреј Жерновски.

„Сметам дека тие ДУП-ови се донесени спротивно на Законот за локална самоуправа и Законот за просторно и урбанистичко планирање“, изјави во 2014 година Андреј Жерновски.

Тогашниот градоначалник реши да ја оспори законитоста на спорно усвоената одлука и пред Уставниот суд. Тоа не ја спречи Јана Белчева, како претседател на советот во 2017 година, да побара да се изземе дупот Ј07 од списокот на дупови за кои советот донесе одлука да се суспендираат.

На овие одлуки, како спорни и како израз на двојни стандарди, во 2017 година се жалеа и жителите на Ново Маало, кои тврдеа дека трпат директна штета од блокадите  на изградбата на комплексот „Гранд“ на паркингот спроти „Холидеј Ин“ од „моратоиумот“ што беше донесен таа година кога Белчева беше претседател на Советот на Општина Центар, а тој мораториум беше изземен ДУП ЈО7, каде што новомаалци укажуваа  дека Белчева во тој дел имала семеен имот кој имала намера да го продаде.

Дупот Ј07 со одлука на уставниот суд од 2023 година е укинат. Во меѓувреме семејството Белчеви ја има продадено працелата и на неа е изграден нов објект.

Во објавените текстови на онлајн медиумите се потсетува и на улогата на Јана Белчева во донесувањето на конкурсните решенија за поранешната фабрика „Треска“.

Инаку „Независни заедно“, објавија дека Јана Белчева и Умејр Мухамеди ќе бидат ко-носители на на нивната советничката листа за Град Скопје на претстојните локални избори.  

Зачлени се на нашиот е-билтен