ДЗС: За објектот кој служел како дискотека во Кочани никогаш не е побаран елаборат за противпожарна безбедност

Објектот кој служел како дискотека во Кочани е изграден пред 26 години а легализиран е во 2005 година, но никогаш не побарал елаборат за противпожарна безбедност, велат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Се уште се утврдува дали воопшто легално се пренаменил во објект кој може да организира забави за голем број луѓе, информираат од ДЗС.

Министерот за здравство Арбен Таравари во својата последна изјава истакна дека најтешките 18-20 повредени во трагедијата во Кочани е можно да се лекуваат во странство.

Тој појасни дека сме добиле понуди за лекување од неколку држави, а тимот на анестезиолози ќе одлучат каде ќе бидат транспортирани.

– Најверојатно ќе се лекуваат во Бугарија, Грција, Србија. Добивме повици од Албанија, Холандија… истакна министерот Таравари.

Според офецијалните бројки загинати се 59 лица, на возраст од 14 до 24 години, а стотина се повредени.

Зачлени се на нашиот е-билтен