Едно дете имав, и тоа ми умре, татко во солзи по трагедијата во Кочани

Ожалостениот татко на 21-годишно момче кое загина во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани со солзи сведочи за болката која не може да се опише.

„Имав едно дете, и тоа ми умре… 21 година имаше, само што почна да живее. За што ќе ми е животот, не ми треба повеќе…“, вели скршениот родител.

Во пожарот загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Според истрагата, за излез од дискотеката имало само една врата, а прозорците биле обезбедени со решетки.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега се осомничени 20 лица, од кои 15 се во полициска станица. Меѓу приведените има организатори, лица од обезбедувањето, како и поранешни функционери од Министерството за економија и Дирекцијата за заштита и спасување. Истрагата утврдува кој сноси одговорност за оваа трагедија.

Зачлени се на нашиот е-билтен