Еднократна парична помош за глувонемите во Центар

Еднократна парична помош за глувонемите во Центар
Еднократна парична помош за глувонемите во Центар

Еднократна парична помош за глувонемите во Центар е договорено на средбата меѓу градоначалникот Горан Герасимовски и претставниците на Сојузот на глуви и наглуви – Даре Џамбаз. На средбата се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочуваат овие лица, како и за можностите за понатамошна поддршка од страна на општината.

Како резултат на дискусијата, Герасимовски најави дека Општина Центар ќе предвиди еднократна парична помош за глувонемите лица, што ќе се доделува еднаш годишно.

„Центар е една од ретките општини која обезбедува лични асистенти и финансиска поддршка за децата и семејствата кои имаат таква потреба. Со оваа нова мерка ќе покажеме дека секој наш сограѓанин е важен и дека заедно градиме општество на еднакви можности. Од следната година, глувонемите лица ќе добиваат еднократна парична помош. Како општина обезбедивме бесплатен паркинг за глувонемите и ме радува тоа што се задоволни од оваа мерка“ истакна градоначалникот Герасимовски.

На средбата беше договорено во септември да се одржи нова работна средба, на која дополнително ќе се разгледаат предлози и барања од здруженијата, со цел истите да се вградат во програмите на Општина Центар.

Зачлени се на нашиот е-билтен