Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Експертите на Светскиот ден на дијабетесот: Промената на начинот на живеење и раното откривање се клучни

Во Македонија има околу 120 илјади лица со поставена дијагноза дијабетес. Од нив, приближно 45 илјади се на инсулинска терапија. Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија, според регистарот за шеќерна болест за 2022, бројот на новодијагностицирани болни со дијабет изнесува 7,737 случаи.

Во светот во светот 537 милиони лица имаат дијабетес. Се проценува дека до 2030 година бројот на возрасни луѓе со дијабетес ќе достиугне 643 милиони. За жал, 100 години после откривање на инсулинот, милиони луѓе со дијабет ширум светот немаат пристап до соодветна нега.

Денес едно од десет лица заболува од некој тип на дијабет. Речиси 1 од 2 возрасни лица кои живеат со дијабетес не се дијагностицирани. 4 од 5 луѓе со дијабетес живеат во земји со низок и среден приход. Се проценува дека 6.7 милиони возрасни луѓе починале поради дијабетес или неговите компликации во 2021 година. Дијабетот е одговорен за најмалку 966 милијарди долари здравствени трошоци во 2021 година – 9% од глобалните трошоци за здравствена заштита.

Дијабетот е хронично метаболно заболување, кое се карактеризира со покачено ниво на глукоза во крвта, поради недостаток или нарушена секреција на инсулин од панреасот. Покаченото ниво на шеќерот во крв  доведува до сериозно оштетување на срцето, крвните садови, бубрезите, очите и нервите. 

За жал, 100 години после откривање на инсулинот, милиони луѓе со дијабет ширум светот немаат пристап до соодветна нега.

Светскиот ден на дијабетес дава можност да се подигне свеста за дијабетесот како глобално јавно здравствено прашање и што треба да се направи, колективно и индивидуално, за подобра превенција, дијагноза и лекување на  состојбата. Овогодинешната тема: „Зајакнување на глобалното здравје“, служи како светилник на надеж. Тоа не потсетува дека со здружување, со разбирање, грижа и дејствување, можеме да создадеме свет каде што дијабетесот нема да ни ги диктира животите.

Дијабет тип 1

Дијабетот тип 1 (инсулин-зависен дијабет, јувенилен или детски дијабет) се карактеризира со целосно отсуство на секреција на инсулин од панкреасот и бара дневна администрација на инсулин. Причините за него се непознати, но се претпоставува дека се јавува автоимуна деструкција на β-клетките на панкреасот. Главни симптоми се зголемена екскреција на урина (полиурија), жед (полидипсија), глад (полифагија), прекумерно губење на тежината, замор и друго.

Дијабет тип 2

Дијабетес тип 2 (инсулин-независен дијабет) сочинува над 90% од сите случаи. Тој најчесто  е резултат на неефикасната употреба на инсулинот од телото. Физичката неактивност, прекумерната телесна тежина, исхраната како и фамилијарната историја се главните причини за Дијабет тип 2. Главните симптоми се генерално слични со тие на Дијабетот тип 1, но често се помалку изразени. Како резултат на тоа, дијабетот може да се дијагностицира неколку години од почетокот на болеста, откако веќе се јавени компликации. Поради оваа причина, важно е да се внимава на факторите на ризик.  Дијабетот тип 2 се почесто се јавува и кај помладата популација.

Најчести симптоми на дијабетес:

Зголемено чувство на жед, зачестено уринирање и будење навечер за да се мокри,необјаснето губење на телесна тежина, зголемена потреба за храна, особено благо, замор, премаленост,
проблеми со вид, чести инфекции (уринарни, кожни, на непце, вагина, мочен меур), потешко затворање на рани и дигестивни нарушувања.

Гестациски Дијабет

Гестациски дијабет е состојба на покачени вредности на шеќерот во крв, но под оние дијагностички вредности за дијабетот. Тој се јавува за време на бременоста. Жените со гестациски дијабет се изложени на зголемен ризик од компликации за време на бременоста и породувањето. Овие жени и нивните деца имаат зголемен ризик за јавување на Дијабет тип 2 во иднина.

За луѓето со ризик од дијабетес тип 2 , важно е да се знае вашиот ризик и што да се направи за да се поддржи превенцијата, раната дијагноза и навременото лекување.

За луѓето кои живеат со дијабетес , свесноста и пристапот до точните информации и најдобрите достапни лекови и алатки за поддршка на грижата за себе е од витално значење за одложување или спречување на компликации.

За здравствените работници , потребен е пристап до доволна обука и ресурси за рано откривање на компликации и обезбедување на најдобра можна нега.

Фактори на ризик за Дијабет: Семејна историја на дијабетес, прекумерна тежина, нездрава исхрана, физичка неактивност, зголемување на возраста, висок крвен притисок, етничка припадност, нарушена толеранција на гликоза (IGT), историја на гестациски дијабетес и лошата исхрана за време на бременоста.

Што може да се смениме во исхраната

·         Избор на вода, кафе или чај наместо овошен сок илидруги засладени пијалоци со шеќер, најмалку три порции зеленчук секој ден, до три порции свежо овошје секој ден, избор на јаткасти плодови, парче свежо овошје или незасладен јогурт за ужина, ограничување на внесот на алкохол до максимум два стандардни пијалоци дневно, избор на посни парчиња бело месо, живина или морска храна наместо црвено или преработено месо и избор на путер од кикирики наместо чоколаден намаз или џем, избор на леб од цели зрна, ориз или тестенини наместо бел леб, ориз или тестенини, избор на незаситени масти (маслиново масло, масло од канола, масло од пченка или сончогледово масло) наместо заситени масти (путер, жито, животински масти, кокосово масло или палмино масло.

Секое движење е добро, а посебно за да се намали ризикот од дијабетес тип 2. Треба да се стреми кон најмалку 150 минути аеробни вежби со умерен интензитет (на пример, пешачење, џогирање, пливање или возење велосипед) неделно, распоредени во текот на неколку дена, можеби во пократки периоди од 10-15 минути. Тренингот за сила има и свои предности. Можете да ја зголемите мускулната маса и да ја подобрите чувствителноста на инсулин и контролата на гликозата со користење на тегови или ленти за отпор за зајакнување на мускулите.

Дијабетесот е значаен глобален предизвик за здравјето и благосостојбата на луѓето, семејствата и земјите. Владите мора да ги преточат зборовите во дела за да овозможат достапен и непрекинат пристап до грижа за дијабетесот за сите луѓе на кои им е потребна и да помогнат во спречување
на состојбата кај луѓето со висок ризик

Преземено од Трн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен