Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра), за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година.
Ова е резултат на воведувањето на воведувањето на електронски систем за наплата на патарините во државава, кој координирано со другите земји од Западен Балкан беше воведен од јули 2019 година во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“.
Електронскиот сисмет за патарини прво беше воведен на наплатните станици Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридорот 10, како и на Петровец. Јавното претпријатие за државни патишта најави и изработка на проектна документација за затворен систем за електронска наплата на патарина на Коридор 8, а веќе изработува документација за реконструкција на наплатната станица Миладиновци за поставување електронски систем за наплата.
Како резултат на воведувањето на електронска наплата на патарина со користење на уред за ТАГ, возилото само ја намалува брзината на возење при што рампата автоматски се отвара.
Откако беше поставена малопродажната мрежа за ТАГ-овите, се намали времето на чекање, односно ќе се забрза протокот на сообраќај на наплатните станици, ќе се зголеми ефикасноста на наплатните станици, како и безбедноста во сообраќајот, а се намалија и злоупотребите.
Инаку, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) објави Јавен повик за склучување договор со правни лица за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (ТАГ).
Со измените на Законот за јавни патишта изгласани во Собранието минатиот месец, беше најавено дека ќе се овозможи поширока мрежа на достапност за купување и надополнување на уредот М-ТАГ, освен во просториите на Јавното претпријатие и во други места.
Објавениот повик на ЈПДП содржи прилози за техничка спецификација на микробранови транспондери (ТАГ) за електронска наплата на патарини, како и за техничка специкација на апликативниот софтвер.