Емотивна реакција на мајка пред полицијата во Кочани заради пожарот од 16 март

Пред полициската станица во Кочани денеска се случи емотивен момент кога мајката на девојчето кое загина во пожарот на 16 март, ја изрази својата болка и бес пред полициските службеници.

Таа со солзи во очите и тешки зборови зборуваше за трагедијата што го погоди нејзиното семејство.

По една недела пауза, родителите, роднините и пријателите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно излегоа на улиците за да укажат дека и натаму чекаат правда, како и да испратат пораки до системот. Тие преку транспаренти го искажаа својот револт, гнев и тага уште од самиот старт.

„Престанете со тортура на нашите семејства“, „Ние изгубивме, вие уште имате за што да се борите“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, „62 животи, 62 иднини, 62 семејства со вечна болка. Правда и одговорност – нема мир без тоа“, „Крив е системот, не беше несреќа, беше неодговорност! Правда за нашите деца“ – пишуваше на нив.

Пожарот кој избувна на 16 март остави неизбришлив траг во животите на сите засегнати, а мајчината болка пред полициската станица ги потресе присутните и целата македонска јавност.

Зачлени се на нашиот е-билтен