ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Македонија без терминот „македонски јазик и идентитет“

Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ денеска го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за нашата држава за 2023 и 2024 година.  

Пред гласањето, со мнозинство гласови беше усвоен заедничкиот амандман за бришење на македонскиот јазик, што го поднесоа европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“.

Амандманот се однесува на членот 3 од Извештајот, делот каде се вели: „европратениците го повикуваат Европскиот совет јавно и недвосмислено да сигнализира дека има намера брзо и безусловно да донесе позитивна одлука за преминување во следната фаза од преговорите за пристапување со Северна Македонија во ЕУ, откако ќе бидат исполнети условите од неговите заклучоци од 18 јули 2022 година, целосно почитувајќи го македонскиот јазик и идентитет…“.

Со денешното гласање, во овој пасус се избришани зборовите: „целосно почитувајќи го македонскиот јазик и идентитет“.

На денешното гласање му претходеше синоќешната бурна расправа во ЕП кога здружено бугарските европратеници настапија против нашата држава, а грчката европратеничка Латинопулу истакна дека таа е „вистинска Македонка, а не лажна како тие од Скопје“.  

Зачлени се на нашиот е-билтен