Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ескобар: Договорот меѓу Србија и Косово немаше да биде постигнат без поддршката од Северна Македонија

Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјавил дека договорот што го постигнаа Белград и Приштина во Охрид е историски.

„Она што го имаме во новиот договор за нормализација е историски договор за пријателски, конструктивни односи меѓу две страни кои немаат голема доверба една во друга. Албанија одигра голема улога“, изјавил вчера Ескобар за албански „Топ чанел“, пренесува „Еuronews“.

Тој додал дека договорот, што го овозможи Европската унија, со поддршка на САД, „речиси во секој аспект е поддржан од земјите од регионот“.

„Преговорите се водеа во Северна Македонија и без нивна поддршка тоа немаше да биде возможно. Преговорите беа поддржани од владите на Албанија и Хрватска, како и другите во регионот. Ја гледаме многу важната улога на Албанија во регионалнaта стабилност, што сега ѝ е се докажа“, истакнал Ескобар.

Извор: Локално

Зачлени се на нашиот е-билтен