Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕСМ-Продажба ќе го снабдува МЕПСО со струја

Фото: Bjørn Iuell/Statkraft/Flickr

Компанијата МЕПСО склучи договор со ЕСМ-Продажба, фирма ќерка на АД ЕСМ за набавка на електрична енергија за своите потреби и за цела година ќе плати до 1,77 милиони евра.

ЕСМ-Продажба го доби тендерот за снабдување со провизија од 3,45 проценти што ќе ги наплати од фактурите за електрична енергија за МЕПСО. Референтната цена за мегават-час е цената на електрична енергија што ќе се утврдува според цената на енергетската берза ХУПЕКС во Унгарија. Ова е најниската провизија досега што фирма снабдувач ја дала на клиент што купува електрична енергија на тендер.

МЕПСО планира за потребите на својата дирекција и за трафостаниците низ земјава планира да потроши околу 5.500 мегават-часови електрична енергија.

Зачлени се на нашиот е-билтен