Еве колку ќе трае постапката за јавна набавка на чартер-летови за евакуација на македонските граѓани

набавка

Откако Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека ќе издвои 60 милиони денари (речиси еден милион евра) за евакуација на македонски државјани од земјите погодени од конфликтот на Блискиот Исток, се поставува прашањето колку време ќе биде потребно за да се реализира оваа вонредна иницијатива

Од МНР велат дека со одлука на Владата, веќе е отпочната постапка за јавна набавка за организација на чартер-летови за нивна евакуација, но за таа постапка, иако е предвидена за вакви ситуации, потребно е да испочитуваат постоечките одредби од Законот за јавни набавки.

Оваа ситуација е опфатена во Член 55 од законот – Постапка со преговарање без објавување оглас.

Тој члне птредвидува дека договорниот орган, во овој случај МНР може да спроведе постапка со преговарање без објавување оглас за јавна набавка за стоки, услуги или работи во случај предвиде во точката г. од ставо 1 од овој член кој гласи:

г) доколку поради крајна итност, предизвикана како резултат на настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди, роковите за другите постапки не може да се применат. Околностите со кои се оправдува крајната итност во никој случај не смеат да бидат такви за да му се припишат на договорниот орган.

Понатаму законот вели дека (6) „По исклучок на ставот (5) од овој член, договорниот орган нема обврска да добие претходно мислење пред да спроведе постапка со преговарање без претходно објавување оглас врз основа на став (1) точка г) од овој член доколку директно се загрозени безбедноста, животот и здравјето на луѓето.

Мислењето од ставот (5) од овој член Бирото за јавни набавки (БЈН) го дава во рок од десет работни дена од денот на добивање на барањето, односно пет работни дена во случаите на став (1) точка г) од овој член, односно кога директно се загрозени безбедноста, животот и здравјето на луѓето.

Законот во овие ситуации предвидел и да не се чека мислењето на БЈН и договорниот орган може да ја започне постапката и без него, односно да ја скрати постапката за тие 5 дена.

Обврска на договорниот орган, одноно МНР во овој случај, во одлуката за јавна набавка да ги наведе и образложи причините за изборот на постапката со преговарање без објавување оглас.

Сето тоа навдува дека во овој случај на итност, сепак, ќе поминат одреден број денови на директни преговори кои секако треба да опфатат колку летови ќе бидат потребни, од кои дестинации, фактори кои се усложнуваат со загрижувачкиот развој воената состојба во регионот на Блискиот исток

Од МНР посочуваат дека е можно да се искористи само дел од предвидениот износ од 60 милиони денари, зависно од конечниот број на пријавени граѓани и бројот на чартер-летови што ќе се реализираат.

Претходно Министерството информираше дека заклучно со денеска, вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од повеќе земји од регионот на Блискиот Исток.

Зачлени се на нашиот е-билтен