Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Европската комисија започнува нов петгодишен мандат, Западен Балкан не е приоритет за Фон дер Лајен

Со гласањето на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен доби втор мандат како претседателка на Европската комисија. Нејзиниот тим веднаш ќе ги преземе обврските, што е клучно во услови на глобални и европски предизвици, вклучувајќи ја војната во Украина, изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, миграцијата и енергетската криза.

Соња ТАНЕСКА од Стразбур

Клучни приоритети за следните пет години
Новиот состав на Европската комисија го одразува фокусот на безбедноста, економскиот раст и зелената транзиција. Каја Калас ќе го води секторот за надворешна и безбедносна политика, додека Андриус Кубилиус ќе работи на зајакнување на европската одбрана. Во план е инвестирање 500 милијарди евра за одбрана до 2035 година, како одговор на безбедносните предизвици од Русија и Кина.

На економски план, Марош Шефчовиќ ќе се справува со трговските односи, особено со можните американски тарифи. Французинот Стефан Сежур ќе води индустриската стратегија, а Шпанката Тереза Рибера ќе биде одговорна за усогласување на климатските амбиции со економскиот раст.

Проширувањето, особено во однос на Украина, Молдавија и Грузија, ќе биде под раководство на Марта Кос од Словенија.

Фон дер Лајен со амбициозни цели
Под водство на Фон дер Лајен, Комисијата планира да ја намали бирократијата, да создаде унија за инвестиции и истражувања и да го зајакне секторот за вештачка интелигенција. Ќе се претстави и нова стратегија за земјоделство која ќе обезбеди одржливост и конкурентност за европските земјоделци.

„Европа треба да троши повеќе, подобро и заедно“, порача Фон дер Лајен, потенцирајќи го значењето на заедничката одбранбена политика во новиот мандат.

Стабилноста на ЕУ на европско и глобално ниво ќе биде главен предизвик за Комисијата, додека Унијата се соочува со зголемена конкуренција и политички тензии.

Зачлени се на нашиот е-билтен