Цените на индустриските производи во Европа забележаа пад во декември, но трендовите варираат по сектори и земји, покажуваат податоците на Евростат.
На месечно ниво, во еврозоната и во ЕУ цените пораснаа за 0,4%, значително помалку од ноемврискиот раст од 1,7%. Најголем пораст е забележан во енергетскиот сектор, каде цените се зголемени за 1,4% во еврозоната и 1,3% во ЕУ, но со забавување во однос на ноември.
Во останатите индустриски сектори, цените останаа речиси непроменети, со благ пораст кај трајните производи за широка потрошувачка. Исклучувајќи го енергетскиот сектор, цените на индустриските производи останаа на нивото од ноември.
Меѓу земјите, најголем месечен раст на производствените цени во декември е забележан во Бугарија (5,1%) и Хрватска (2,4%). Значителен раст има и во Словачка (1,5%), Белгија, Естонија и Литванија (1,1%), како и Франција (1%).
Од друга страна, најголем месечен пад на цените има во Ирска (-1,5%) и Романија (-1,2%).
На годишно ниво, цените во еврозоната и ЕУ останаа стабилни во декември, по падот од 1% во ноември. Најголем годишен раст е забележан во Ирска (11,1%), Бугарија (6,6%) и Данска (4,7%). Најголем пад е регистриран во Словачка (-17%), Луксембург (-4,2%) и Франција (-3,8%).