Факултетското студентско собрание на Правен на УКИМ ги подучуваат на право студентите на Филозофски

Изразуваме големо жалење и негодување што нашите колеги – студентски претставници на Филозофскиот факултет, кои видено не ги познаваат своите надлежности, ниту одговорности (а се бирани од своите студенти), ја узурпираа ситуацијата да изманипулираат искрени и чесни студентски грла во трагедијата која не’ снајде, се вели во реакцијата на Факултетско студентско собрание на Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Од ФСС на Правен факултет бараат јавно извинување од страна на членовите на студентското собрание на Филозофскиот факултет, кон сите нас, студентите, бидејќи „го злоупотребуваат просторот со ширење лажни информации, кои за жал, се базираат на нивна правна лаичност“.

За ФСС на Правен факултет на УКИМ „една од причините зад таа лаичност е токму и партиската припадност на дел од членовите на тоа собрание, кои впрочем први ја споделија таа вест – не само по студентските канали на комуникација, туку и медиумите“.

Од Факултетското студентско собрание на Правен факултет „Јустинијан Први“ истакнуваат дека „ова не е време за лични агенди и индивидуално профитирање – ова е време за борба, за студентска солидарност и заеднички отпор против корупцијата и нефункционалниот систем“.

Зачлени се на нашиот е-билтен