Филипче до Мицкоски: Ние не клечевме на колена, молејќи за власт а ветувајќи враќање на името

Филипче

Ние не клечевме на колена, молејќи за власт и ветувајќи враќање на името, му порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на премиерот Мицкоски.

„Денес на прес-конференција го слушнав премиерот повторно збори за вакцините. Вели Македонија тогаш била на колена и земала вакцини од Србија. Еве да му одговорам. Тогаш цел свет имаше проблем. Христијане ние не клечевме на колена како тебе молејќи за власт и ветувајќи дека ќе го вратиш името.“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обивни дека Мицкоски закасни со една половична мерка без ефект за намалување на цените и побара Владата итно да ги прифати мерките на СДСМ, намалување на ДДВ за горивата на 5%, помала акциза за 4 денари и укинување на ДДВ за храна.

Само со вакви конкретни мерки може да се постигне реално намалување на цените и заштита на животниот стандард на граѓаните.

„Намалувањето на цената на ДДВ-то за горивата од 18% на 5%, дополнително намалување на акцизата за горивата за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени продукти и преполовување на цените на патарините. Само со мерката за укинување на ДДВ на храната ќе поевтинат околу 250 производи, а граѓаните ќе заштедат над 2.000 денари. Тоа се вистински мерки и затоа владата мора апсолутно веднаш овие мерки да ги прифати и потоа да подготви и пакети за помош на ранливите категории“, посочи Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен