Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција разобличи голем скандал поврзан со случајот за биолошката терапија на Клиниката за Онкологија, од страна на власта и вистината излезе на виделина.
Филипче посочи дека вистината за Клиниката за онкологија која треба да ја знае јавноста е директно поврзана со анкетната комисија за Клинката за онкологија која ја побара ВМРО-ДПМНЕ, а ја водеше Рашела Мизрахи и сите тврдења дека не постојат извештаи за работењето се чиста лага.
„Мизрахи, од тогаш па до денес, тврди дека јас имам одговорност во тој случај. Да ја потсетам јавноста, обвинувањето беше дека како тогашен министер за здравство, сум требал да водам сметка за тоа што биле обврски на Министерството за здравство кон Клиниката за оноколигија и обратно, а се однесува на редовните шестмесечни извештаи за работата на клиниката и стручните комисии. Сите извештаи добро и уредно пополнети и заверени беа доставени. Дури и во најтешките ковид времиња, кога имаше рестрикции во движиња ниту еден онколошки пацинет и тоа пациентите го знаат, не беше оставен без терапија, сето тоа било редовно соработувано во министерството за здравство “ рече Филипче.
При тоа, Филипче ги покажа извештаите потенцирајќи дека е срамно тврдењето на Мизрахи дека немало никакви извештаи.
„Мизрахи тврди дека такви извештаи немало од клиниката кон министерството, дека немало стручна контрола од стручините комисии и сите овие изминати месеци. Има ли нешто позлобно од тоа да се прикрива вистината во еден таков грозоморен случај за политички поенни, па згора на се да се кријат докази од истражните органи?“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче откри дека овие извештаи биле редовно изработувани и биле дел од документите од министерството со што целосно ги разобличи лагите на Мизрахи и ДПМНЕ кои тврдеа дека не постојат.
„Благодарение на искрените и чесни луѓе вработени во Министерството за здравство, кои што знаат што се сум направил за пациентите и за сите вработени генерално во здравствениот сектор, до мене ги пратија извештаите за коишто бев клеветен дека ги немало. Јас бев убеден дека такви извештаи има и сега сакав тоа да го покажам. Откако беа доставени до мене извештаите, јас ги доставив до Обвинителството“, рече Филипче.
При тоа Филипче ги повика Рашела Мизрахи и тогашниот министер за здравство Фатмир Меџити да одговорат како и зошто овие извештаи биле криени.
„Дали е точно дека на барање на истражните органи, кои водат постапка за овој случај, овие извештаи не им биле доставени. Ги прашувм директно дали намерно се криеле извештаите за да ме вовлечат и обвинат во скандалот? Има ли нешто позлобно од тоа да се прикрива вистината во еден грозоморен случај за политички поени и згора на се да се кријат докази од истражните органи. Ова е скандал без преседан“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче и порача дека очекува да биде покрената истрага за тоа како и зошто досега овие извештаи биле криени.