На денешниот протестен марш организиран од родителите на настраданите во трагедијата во Кочани, кој се одржа пред Собранието на Република Северна Македонија, беше упатен јасен повик до народните избраници – да излезат пред нив и да ги поддржат во нивната борба за правда.
На овој повик одговорија пратениците на СДСМ, предводени од претседателот на партијата и пратеник, Венко Филипче. Со своето присуство пред Собранието, Филипче и пратениците на СДСМ јасно и недвосмислено застанаа зад родителите, изразувајќи солидарност и поддршка.
Во своето кратко обраќање, Филипче истакна дека пратениците на СДСМ, како луѓе и како претставници на граѓаните, стојат зад семејствата настраданите, без никакви политички калкулации и без партизација на трагедијата и болката на семејствата.
Дел од родителите во своите изјави за медиумите ја изразија својата благодарност што барем некој од пратениците ги удостоил со поддршка и разбирање во овие тешки моменти.