Филипче ја презентираше новата програмска платформа на СДСМ како сеопфатна социјалдемократска визија за Македонија

Филипче

Новата програмска платформа на СДСМ претставува сеопфатна социјалдемократска визија за Македонија, нагласувајќи ја дигиталната трансформација, енергетската независност, социјалната правда, образованието и националниот суверенитет, рече денеска претседателот на партијата Винко Филипче, на медиумската презентација на програмата.

Визија за една нова Македонија, како што рече Филипче се стреми кон социјалдемократска трансформација со фокус на дигитализација, енергетска независност, правда, образование и меѓуетнички соживот. ​

– Визија за Македонија базирана на одговорност, чесност и заеднички напредок, во која потенцијалот на државата се претвора во најсилен сојузник. ​Ова не е само традиционална програма, туку одговор на системските проблеми и таа ги опфаќа современиот суверенитет, дигиталниот пресврт, енергетска автономија и радикална правичност. ​

Социјалдемократска визија за државата, според програмата, како што посочи Филипче, става акцент на одговорноста, правдата и иновациите со фокус исклучиво на непосредните интереси на граѓаните

дел од тие непосредни интереси се и решенијата за домување и станбена политика. Во новата програма на СДСМ се предвидени промени во станбената политика за достапни и функционални живеалишта.

– Планирано е укинување на данокот на промет за млади до 35 години. Потоа гарантиран станбен кредит со фиксна камата од 1% за 10 години. Обезбедување на енергетски модерни згради со грантови за енергетски фасади и замена на лифтови. Државни станови за долгорочно изнајмување по поволни цени за млади, лекари и наставници. Целта е достоинствено домување за сите, истакна претседателот на СДСМ. ​

Подобрување на даночниот систем е од неопходна важност за обнова на праведна распределба на даноците со фокус на оданочување на луксузот и богатството.

„Најавуваме намалување на данокот за чесниот труд. Оданочување на најбогатите 1% со данок на наследство, како и намалување на ДДВ за основните производи за поевтина храна. Насочување на даноци од екстра-профитите во локална индустрија. Цел е фер и праведна распределба на богатството, објасни Венко Филипче.

Енергетска независност и зелена транзиција е посебно поглавје во програмата за да се обезбеди енергетски суверенитет преку домашно производство и обновливи извори. ​

„Соларизација на секоја државна зграда. Управување со енергетските компании од професионалци, без партиски влијанија. Создавање на енергетска каса за инвестиции во нови енергетски капацитети. Ветување евтина струја за домаќинствата. Зајакнување на регионалната енергетска мрежа и заеднички сојузи“, се само дел од нашата нова стратегија, рече Филипче. ​

Кога станува збор за образованиете и меѓуетничкиот соживот, предвидуваме промени во образовниот систем и политики за интеркултурализам. ​

„Воведување на мешани паралелки и заеднички активности. Формирање фондови за поддршка на културни проекти. ​ Обврска за интеркултурни обуки за администрацијата. Јавни простори за дијалог и разбирање и медиумска поддршка за двојазични содржини“, се точките на кои ќе биде посветено идното внимание. ​

Зајакнување на македонскиот идентитет со гарантирање на меѓународна заштита и развој на македонскиот јазик и култура, се нашата позиција за да се затворат отворените прашања со НАТО и ЕУ. ​ – Инвестиции од 150 милиони денари за наука. ​

„Наша цел е да создадене стратегија за промоција на македонскиот „Soft Power” и во таа насока се предвидени стипендии за млади научници и дипломати. Посебно место во оваа стратегија има глобалната дигитална архива и бренд стратегија за нашата земја“, рече Филипче. ​

Поддршка за демократски вредности и регионална стабилност, нагласи претседателот на СДСМ, се клучни за нашиот пристап за Мултилатерализам и регионална соработка.

„Како приоритети се издвојуваат балансирањето меѓу европската интеграција и соработка со САД и промовирањето на Македонија како регионален лидер. ​во таа насока останува важна борбата против корупцијата и хибридните закани и активно вклучување во нашите стратешки партнерства со НАТО и ЕУ за заштита на суверенитетот“, рече Филипче. ​

Во борбата против корупцијата програмата предвидува воспоставување на систем за автоматска проверка на имотот и зајакнување на институциите за борба против системската корупција.

Промени во управувањето со јавните претпријатија за поголема транспарентност и централизирано управување со јавните ресурси, останува како приоритет, со иновативен пристап за воведување на јавно достапни показатели за работењето.

Борба против популизмот и заштита на граѓанските права, рече Филипче, со сите алатки за заштита на демократските вредности и спречување на популистички напади.

„Гарантирање на родова еднаквост и заштита на човековите права. Обнова на системот за образование без цензура. Мониторинг и борба против дезинформации. Обезбедување на долгорочна поддршка за граѓанските организации и зајакнување на системот за заштита на слободите и правата“, како што нагласи Филипче се исто така дел од новата политичка платформа на СДСМ.

Уште еден од иновативните концепти во програмата е делот за Вовед во концепт животна гаранција за знаење.

Концептот, според Филипче, овозможува учење како јавен добар достапен во секој животен период, со цел интелигентна и дигитална Македонија. ​

„Визијате е инвестирање во умот на нацијата како највреден капитал. ​Право на знаење како доживотно право со лична дигитална сметка. Наставникот станува најплатен и најпочитуван професионалец, а аставата се фокусира на критичко мислење, адаптација и постојано напредување“, објасни Филипче.

Во објаснувањето на оваа стратегија, нагласи претседателот на СДСМ, наставниците ќе добијат највисоки плати, најмногу 20% над просечната. ​

„Градинките да бидат лаборатории на креативност, бесплатни и задолжителни. Трансформација на факултетите во хабови за микро-квалификации. ​ Бесплатен персонален AI асистент за секое дете и воведување на дигитални системи за учење и преквалификација“, предвидува новата програма на СДСМ.

Во однос на здравството и реформите за јавно, ефикасно и етичко здравство, програмата предвидува враќање на етиката и знаењето во здравството. ​

!Јавни конкурси за директори на клиники. Јавно видливи набавки и потрошувачки трошоци. ​Обезбедување специјализации за млади лекари. Пари за здравство се насочени исклучиво кон државните болници и воведување на персонален данок од 5% за дополнителни приходи на професионалци. ​

Модерно агро-брендирање и високопрофитабилно земјоделство е уште една од целите на новата програма на СДСМ. Со неа, меѓу другото, се предвидува повисоки субвенции за органско производство и безотровна земјоделска практика, како и брендирање како „Македонска Био-Приказна“ за најскапите пазари. ​

Во овој дел најавена е и поддршка за сточарството и пасиштата.

Во делот Еколошки патриотизам и заштита на природата, Филипче ги објаснимерките за заштита на животната средина и уставната заштита. ​

„Воведување на специјално еколошко обвинителство. ​Конфискација на имот од еко-криминалци. Стимуланси за млади за заштита на шумите и реките. Бескаматни кредити за замена на загадувачки системи и законска забрана за приватизација на изворите на вода“, се новитетите во програмата на СДСМ.

Спортска демократизација и масовен развој е неопходна за системските реформи во спортот, рече Филипче.

​Во таа насока тој ги посочи мерките како бесплатни тренинзи и членарини, државна стипендија за таленти, обнова и изградба на базени и другие спортски објекти. Како посебно важни и нови ги соопшти воведувањето работен стаж и социјално осигурување за спортисти и забрана за партиски именувања во федерации. ​

Во објаснување на делот Културен развој и независна уметност од програмата, Филипче ги наведе гарантираното плаќање на придонеси за уметници.

Тој најави дека програмата предвидува предавање на напуштените простори за уметнички центри, ваучер систем за културни производи за млади, откуп на дела од современи автори и меѓународни конкурси за филмски и сценски проекти. ​

Социјална правда и достоинство е делот од програмата, како што рече Филипче, каде што се најавува радикална емпатија и систем за поддршка.

ВТој ги посочи поддршката за самохраните родители, за лицата со попреченост, за болните и жртви на насилство, како и гарантирани граѓански права и социјални услуги и финансиска поддршка за лекување и рехабилитација.

Во објаснувањето на мерките за заштита на јавната информациска сфера во делот на Заеднички борби против дезинформации и правда, Филипче рече дека програмата зацртала транспарентност на сопствеништвото на медиуми со јасни извори.

Тој исто така посочи на неоходноста од професионализација на јавниот сервис, а посебно се задржа на потребата од образовни програми за медиумска писменост, казни за ширење дезинформации и формирање независни тела за мониторинг. ​

Борба против корупцијата и системска одговорност во новата програма на СДСМ предвидува ветинг од 1991 година за функционери и проверка на имотот и професионалниот интегритет. ​

СДСМ најавуцва укинување на имунитетпт за функционери и итна конфискација на нелегално стекнато богатство. ​

Во делот на мерките за борба со иселувањето и поддршка на младите, Филипче најави дека програмата предвидува радикална меритократија и директна финансиска поддршка. ​

„Платформа „Генерација Дома“ за станбена и економска независност. , укинување на персоналниот данок за до 30 години, анонимно вработување и ваучери за обуки, како и грантови за враќање од странство, се дел од овие мерки информираше Филипче.

Во делот на реформите во работниот систем, Филипче објасни дека е предвидено донесување на 4 дбевна работна недела, трајно вработување по максимум 12 месеци и еднакви права за сите работници за вклучување на сите во пензиски и здравствени системи.

Програмата ќе биде презентирана на програмскиот конгрес на СДСМ и ќе биде ставена на увид и доусворшување според сугестиите на членството.

Зачлени се на нашиот е-билтен