Европскиот пат на државата којшто е целосно блокиран. Нема никаков напредок, премиерот јасно кажа дека нема да се направи чекор напред кон Европската Унија.
Ова го изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција, на која уште предупреди дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одлучуваат сами да го запрат европскиот пат.
„Што значи тоа, тоа значи дека нашите граѓани после децении и децении чекање сега кога се е многу извесно, кога проширувањето на Европската Унија станува еден од приоритетите на Европската Унија, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одлучуваат сами да го запрат европскиот пат, да им забранат пристапот на нашите граѓани на единствениот пазар од 500 милиони луѓе, да го ограничат слободното движење низ европските земји, ги тераат луѓето да вадат бугарски пасоши од егзистенцијални и економски причини“, рече Филипче.
Имаме сериозна изјава предупредување од еврокомесарската Марта Кос дека нема место за нови членки на кои Русија и други имаат влијание и дека Европа не сака тројански коњи, истакна Филипче. „И тоа е многу сериозна и силна порака. После предупредувањето дека овде владее српскиот свет во извештајот на Европскиот парламент ова е нова ваква порака“.
„Во извештајот на известувачот Томас Вајц од европарламентот нема напредок во клучните области владеење на право, реформи во правосудство, борба против корупција и криминал. Слободата на говор е секако еден многу лажен сегмент во демократијата. Оваа власт носи резолуција со којашто се забранува на опозицијата наговори на одредени теми“, нагласи претседателот на СДСМ.