Филипче најави акции за сите граѓани во успешните државни компании

Филипче

Сите граѓани ќе добијат акции во државните компании што успешно работат, предвидува новиот мастер план на СДСМ што го најави партискиот претседател Венко Филипче. Според него, со оваа мерка треба да се исправи неправдата од приватизацијата, а програмата предвидува и прогресивен данок, финансиска поддршка за граѓаните и засилена борба против корупцијата.

Во гостувањето на телевизијата Алсат, Филипче изјави дека партијата подготвува економски и социјални мерки што ќе бидат дел од нејзината понуда за следните парламентарни избори.

„Конечно, сите граѓани акционери на државните компании кои добро работат“, изјави Филипче, наведувајќи ја Лотарија на Македонија како една од компаниите во кои би се применувал предложениот модел.

„Сите граѓани ќе добијат акции. Се исправува неправдата од времето на приватизацијата“, рече претседателот на СДСМ.

Филипче најави дека мастер планот дополнително ќе биде претставен пред јавноста, со детали за предложените мерки и начинот на нивното финансирање. Засега не прецизираше колкав удел би добил секој граѓанин, кои компании би биле опфатени и како би се спровела распределбата на акциите.

Друга клучна мерка во програмата е воведувањето прогресивен данок, кој според Филипче треба да придонесе за поправедна распределба на доходот и капиталот.

Тој најави и пакет финансиска помош за различни категории граѓани, со образложение дека за секоја мерка ќе биде утврден конкретен извор на средства.

Во делот на борбата против корупцијата, Филипче најави ветинг на поранешните функционери и соработка со Европското јавно обвинителство. Европската интеграција на Македонија, според него, останува еден од основните приоритети на партиската програма.

Претседателот на СДСМ рече дека предложените политики произлегуваат од програмската платформа усвоена на партискиот конгрес и дека јавноста ќе биде запознаена со нив пред следните парламентарни избори, без оглед дали ќе бидат редовни или предвремени.

Тој порача дека СДСМ ќе бара поддршка од граѓаните за спроведување на најавените економски, социјални и антикорупциски мерки.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Нема да ги возиме пред 2030 503 (41%)
41 %
Кинескиот Кичево-Охрид ќе се влече со години незавршен, Бехтел - Енка ќе ги возиме до 2028-2030 285 (23%)
23 %
4. Кичево-Охрид ќе го возиме наскоро, а Бехтел-Енка ќе заглават со години 240 (19%)
19 %
До 2028 ќе ги возиме и Бехтел-Енка и Кичево-Охрид 208 (17%)
17 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Нема да ги возиме пред 2030 503 (41%)
41 %
Кинескиот Кичево-Охрид ќе се влече со години незавршен, Бехтел - Енка ќе ги возиме до 2028-2030 285 (23%)
23 %
4. Кичево-Охрид ќе го возиме наскоро, а Бехтел-Енка ќе заглават со години 240 (19%)
19 %
До 2028 ќе ги возиме и Бехтел-Енка и Кичево-Охрид 208 (17%)
17 %