Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Назначувањето на Шекеринска е уште една потврда за исправноста на политиките на СДСМ

Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, најмоќниот воено-политички сојуз во светот, е уште една силна потврда за исправноста на политиките на СДСМ и историскиот успех на Владата предводена од партијата.

Ова го напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој и го честиташе изборот на Шекеринска за втор човек на НАТО. Тој нагласува дека членството на Северна Македонија во НАТО е резултат на посветена работа на СДСМ и претходната Влада, која обезбеди сигурност и меѓународен кредибилитет за државата.

„Назначувањето на Шекеринска е доказ дека трудот и професионалноста се ценети на глобално ниво. Ова е уште еден показател дека Северна Македонија, како рамноправна членка на НАТО, има капацитет да придонесе за глобалната безбедност и стабилност,“ истакна Филипче.

Тој додаде дека Радмила Шекеринска, со своето долгогодишно искуство, посветеност и професионализам, е вистинскиот избор за оваа значајна позиција. „Силно верувам дека успешно ќе се носи со предизвиците кои ѝ претстојат. Нејзиниот успех е гордост за сите нас,“ рече Филипче.
На крајот, Филипче посочи дека ваквите достигнувања се поттик за младите во земјата.

„Работата на Радмила ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со труд и посветеност може да се постигне секој успех,“ додаде тој.

Зачлени се на нашиот е-билтен