Филипче порача дека по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Филипче

„Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Тој обвини дека политички, деловни и медиумски структури поврзани со Александар Вучиќ и Виктор Орбан ја поддржувале власта на Христијан Мицкоски.

Филипче рече дека СДСМ ја слави победата на студентите во Србија како најава за демократски промени во регионот. ВМРО-ДПМНЕ ја нарече привезок на СНС, а Вучиќ политички ментор на Мицкоски, тврдејќи дека моделот на владеење од Србија бил пренесен и во Македонија.

Во обвинувањата за бизнис-поврзаноста, Филипче ги посочи енергетиката, трговијата со струја и финансискиот сектор. Ги спомена компанијата „Руднап“, министерката Сања Божиновска, Душан Адамовиќ и влезот на „Алта банка“, тврдејќи дека се дел од поширока мрежа на интереси преку која се извлекуваат јавни пари.

Повикувајќи се на „Скај“ преписки, Филипче изнесе и обвинувања за поврзаност на структури од српската власт со наркобизнисот. Наводите за шверц на пет тони дрога ги поврза со компании во Македонија за кои тврди дека имаат релации со фирми блиски до Мицкоски.

Филипче ја обвини власта и дека овозможила влез на „Ало“ и „Еуроњуз“ на македонскиот медиумски пазар спротивно на законот и без соодветна регистрација. Според него, тие се дел од медиумска мрежа за пропаганда и дискредитирање на политичките противници. Го посочи и Драган Павловиќ-Латас, обвинувајќи го за ширење невистини против него и СДСМ, и порача дека ќе бара одговорност.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?