Филипче: Решенијата за реформи во судството се на маса, ја повикувам владејачката коалиција да ги донесе

„Вистински промени се можни само со вистински реформи, а не со притисоци и закоани. Ги повикувам уште еднаш, целата владејачка коалиција и ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ и Влен, да се вразумат и да го почнат патот на реформите“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција.

Тој додаде дека решенијата за реформи во правосдуството се спремни и на маса, работени заедно со претставници на ЕУ и преточени во Реформската агенда и Планот за раст кој го подготви владата на СДСМ, а го потпиша премиерот Мицкоски пред неколку месеци во Брисел.

„Таму се содржани повеќе закони, меѓу кои и закони кои се однесуваат на обвинителството и на судскиот совет и за платите на судиите и движење на судски предмети. Работи кои треба да се случат за да се стави ред во тој систем и да фунцкионира согласно европските норми и критериуми, а кај граѓантие да се врати довербата“, рече Филипче.

Тој додаде дека законите се спремни и СДСМ е подготвена да ги поддржи сите закони кои се во Реформската агенда и да ги гласа заедно со владејачкото мнозинство.

„Дополнително што тие закони се поврзани со финансиски средства и грантови. Целокупниот пакет е 800 милиони евра помош за Македонија. Но, за жал од триесетина закони кои се во планот да се донесат до јули 2025, само еден е донесен, ниту еден друг не е во собраниска процедура“ рече Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен