Средба за техничка влада со криминалци нема да има, затоа што таа е последната линиија за одбрана од целосно заробување и злоупотребата на слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес.
Ова го нагласи претседателот на СДСМ на денешниот брифинг со новинарите.
Тој рече дека е јаснодека на Мицкоски му се брза и бара алиби за распишување на предвремени избори.
„Не му треба дијалог, туку покритие. Тоа е сценарио смислено лани што СДСМ го разобличи. Сакаат прво избори, а поотоа мигранти за пари. Ние нема да биде покритие и нема да учествуваме во политички маневар за избегнување на одговорноста“, рече Филипче
Ја разоткривме суштината, рече Филипче, за Алка банка, за мигрантите, за корумпирање на правосудниот систем.
„Техничката влада може да се укине само тогаш кога ќе бидеме зрело општество, а ние во овој момент тоа не сме. Власта ги злоупотребува инсттуциите, техничката влада е единствена можност за чесни и фер избори. Не ја сакаат техничката влада зашто кога ќе влезе министер од опозиција ќе има увод во сите злоупотреби и во целиот коруптивен систем којшто е сега поставен“, посочи претседателот на СДСМ.
Филипче посочи на изјавата на Мицкоски кога прво рече дека нема намера да укин техничката влада без консензус, а вчера дека ако сака може тоа да го направи со владеачкото мнозинството во парламентот.
„Затоа повикот за лидерска средба е повик за покритие на намерите“, предупреди Филипче
Филипче тврди дека власта во канџите го има правосудството, обвинителството, направи упад во Судскиот совет. Во земјоделството има тешка проневера на европските пари од ИПАРД. Се укинува слободата на говорот, се гуши демократијата, со законот за полиција е извршена целосна партизација и бркање на професионалците за да постои само партиска полицикја
„Тоа се дел од причините да се укине техничката влада, за да се прикрие сето тоа“, нагласи Филипче на брифинг со новинарите.