Какви лицемери седат во Владата, кога им велат на работниците дека можат да живеат со 400 евра месечно? Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференцијата по неговата победа на внатрепартиските избори.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН за 10 месеци покажа дека не знае, не може и, што е најгоре, не сака да се справи со реалните проблеми на граѓаните. Никогаш досега државата не имала понеспособна влада. Нема ниту една област каде нешто добро се случува. Гледајте како им стојат платите на работниците, им велат дека можат да преживеат со 400 евра месечно. Погледнете што се случува во земјоделството, сите субвенции се намалени. Погледнете какви катастрофални политики се воведуваат во образованието. Погледнете што се случува во здравството. Здравството е на колена“, истакна Филипче.
Тој најави дека СДСМ ќе биде силна и единствена, подготвена да се бори на сите нивоа: „Ќе бидеме гласни, ќе бидеме искрени и ќе покажеме дека има алтернатива. Ќе ја вратиме државата на вистинскиот пат, за доброто на Македонија и сите граѓани.“