Филипче: Третпат бараме минимална плата од 600 евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата по третпат предлага минималната плата да се зголеми на 600 евра, но дека власта повторно го одбива предлогот.

Во интервју за емисијата „Директно“ на Телма, Филипче рече дека сегашните приходи не се доволни за покривање на основните животни трошоци и посочи дека, според него, ниту три минимални плати не се доволни за потрошувачката кошничка.

„Нема зголемување на минималната плата. Нема пари да се зголеми минималната плата, третпат бараме на 600 евра. Три минимални плати не се доволни да ги покријат трошоците во потрошувачката кошничка“, рече Филипче.

Тој ја критикуваше економската политика на Владата и оцени дека работниците, пензионерите и земјоделците директно ги чувствуваат последиците од економската состојба.

Филипче тврдеше дека Македонија заостанува според животниот стандард и економскиот раст и посочи на, како што рече, намалени странски инвестиции, блокада на европскиот пат и недостиг од перспектива за граѓаните.

„На дното сме во Европа. Најлоши предвидувања од Светска банка во однос на регионот за следната 2027 година. Нема да има раст. Една третина од стандардот на Европа го имаме“, рече тој.

Според Филипче, власта не прифатила ниту еден од предлозите што СДСМ ги доставил во Собранието, меѓу кои и измените за минималната плата и предлог-законот за поддршка на земјоделството.

Тој наведе дека СДСМ во минатото покажал дека платите можат да се зголемуваат и во услови на криза и како пример ги посочи зголемувањата на платите во здравството во периодот кога бил министер.

Филипче најави дека СДСМ ќе продолжи да предлага мерки за повисоки плати, подобар животен стандард и поголема економска сигурност

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?