Осврнувајќи се на актуелната состојба во државата претседателот на СДСМ, Венко Филипче во „Само интервју“ посочи дека безбедноста на граѓаните е на многу ниско ниво.
„Министерот за внатрешни работи велеше „Брат да ми е ќе одговара“ но гледајте што се случува со безбедноста. Се гине на улиците како во Бејрут, колку само имаме сообраќајки, убиства, колку нерасчистени случаи“ порача тој.
Филипче ги коментираше и случувањата во Град Скопје и спорните градби во Општина Чаир.
„Гледајте какви криминали открива градоначалничката на Скопје, па физички ѝ се закануваат, кај го има тоа? Див запад ли сме? Пораката што ја пушта Владата е или сте со нас и сте безбедни или не сте со нас и сте непријатели. Тоа е пораката што се испраќа инаку како може некој пред полиција физички да се пресметува со институција градоначалник на Скопје без разлика какво мислење имам јас за работата на градоначалничката. ВМРО-ДПМНЕ напаѓаше за односот СДСМ – ДУИ, но каква е сега релацијата на ВМРО-ДПМНЕ со ВЛЕН? 150 дивоградби се легализирани од малолетни деца и никој не реагира. Лоша е пораката или со нас или си наш непријател“ заклучи Филипче.