Филипче: ВМРО-ДПМНЕ измислува изговори за да не изолира од ЕУ

Филипче

ВМРО-ДПМНЕ измислува изговори за да не изолира од ЕУ. Бара нешто што е незвожно, на веќе завршена работа, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче, на брифингот со новинарите.

„Знаат дека тоа што го бараат е невозможно и тоа, очигледно е за да се држи Македонија подалеку од ЕУ“, рече Филипче.

Евроинтеграциите се доведуваат во прашање и со постојаното провоцирање околу прашањата што се затворени со Преспанскиот договор.

Сето тоа потсетува на ситуацијата во Србија, каде што актуелната власт сите прашања ги концетрира на една личност, на претседателот Вучиќ, која исто така, наспроти сите изјави, ја одалечува Србија од ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен