ВМРО-ДПМНЕ ја предаде Македонија. Го презедоа моделот од Србија каде што после трагедијата во Нови Сад, тепаа мирни демонстранти, вршеа насилство врз новинари и газеа граѓани со автомобили. Србија се крена, а студентите веќе 6 месеци бараат предвремени избори, но Вучиќ не ги овозможува зашто така ќе ги изгуби полугите на власта за контрола и манипулации.
Ова го истакна претседателот на СДСМ на денешната прес конференција и истакна дека кај нас тоа го гледавме пред 10 години кога падна режимот, но Груевски денеска од Будимпешта управува со ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера се случи инцидент, најголем после нападот на А1 ТВ. Нападана новинари за време на нивната работа. Слободата на граѓаните и на медиумите е загрозена, но ние нема да чекаме да испраќаат тепачи“, нагласи Филипче.
Според Филипче власта го предизвика тој инцидент за да го сврти вниманието од заканата што и ја подготвуваат на Македонија со мигрантите.
„Веќе со денови се зборува за мигрантите. Но тие немаат одговори: Фали ќе добијат престој и работа, дали ќе бидат сместени во шатори или во социјални станови“, рече Филипче.
Владата не одговори ниту на прашањата на Тајмс и со лажни обвиненија се обидува да го дефокусира вниманието.
„Јасно е што се подготвува и зошто не сакаат да ја потпишат резолуцијата против носењето мигранти. Не сакаат да ја потпиашт зашто се согласиле да прифатат мигранти за парите од Велика Британија“, потенцираше претседателот на СДСМ.
Филипче посочи дека Мицкоски планира избори на пролет, како и Вучич, за да ги избрише трагите на една од најголемите измами.
„Доста ни е од лагите на ВМРО. Вчерашниот напад на Инфомакс е само почеток. Ги повикувам сите новинарски здруженија да застанат во одбрана на своите колеги. Да не дозволиме да не вратат во медиумскиот мрак од пред дест години“, рече Филипче
Тој во негово име и во името на СДСМ најостро го осуди нападот во Инфомакс и ги повика инстотуциите да си ја вршат своката работа и насилникот и организаторите да бидат изведени пред лицето на правдата.
„Повикувам да застанема пред оваа закана, да ја спасиме земјата од српското сценарио на пропаст. Тоа сценарио ќе го разниша системот и нема да има пари ниту за плати, ниту за пензии и ќе предизвика целосен економски колапс“, рече Филипче.
Тој рече дека нема да го чекаат ова сенарио со скрстени раце.
„ВМРО-ДПМНЕ од лични интереси ја предаде Македонија. Да застанеме во служба татковината, да се вратиме на единствениот исправен пат и да не дозволиме Македонија да стане црна точка во Европа, Борбата почнува денеска, правдата мора да победи“, порача денеска Венко Филипче.