Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани, кој не доби поддршка во Собранието од пратениците на ВМРО ДПМНЕ, беше закон за задоволување на реалните потреби на семејствата погодени од трагедијата, рече Филипче на денешната прес-конференција.
Филипче потенцираше дека ниту некој од власта ги примил, ниту некој ги ислушал родителите кои имаат многу да кажат и на кои реално им е потребна помош.
„Не го поддржаа нашиот закон којшто немаше апсолутно никаква политизација на случајот во Кочани едноставно задоволување на реалните секојдневни потреби на семејствата коишто се соочија со жртви или со повредени во трагедијата во Кочани и сето тоа е реалната слика во земјата“, рече Филипче.
При тоа Филипче посочи дека чаурата на во којшто се наоѓа оваа владата е се потесна. Револтот на граѓаните се чувствува, а власта нема слух.
„Не се свесни за револтот и гневот кој што луѓето го чувствуваат заради многу работи, заради платите заради трошоците, притисок којшто го прават на фирмите. Немањето повратна ДДВ револтот којшто се излева на улиците поради настанот и трагедијата во Кочани, во којашто загинаа 62 деца“, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче.