Филков го брани обвинителството од притисоците на ВМРО-ДПМНЕ?!?

Игор Филков, фото: Министерство за правда
Игор Филков, фото: Министерство за правда

„Обвинителството мора да биде независно, професионално и ослободено од било какви притисоци, без разлика од каде доаѓаат“, наведува министерот за правда Игор Филков во интервју за Прес24.мк.

Прашање е од кого го брани обвинителството министерот ако речиси секојдневно главниот коалициски партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ, нема ден да помине, а да не одржи прес конференција против обвинителството, против јавниот обвинител Љупчо Коцевски или против судството тогаш кога од некои нивни причини добиваат потреба да го направат тоа.

Дали Филков го брани обвинителството и од премиерот Мицкоски, кој дури шири, како што вели и самиот „непроверени информации“, но според нив дека Коцевски нема да си одел додека партијата што го поставила.

Во споменатото интервју Филков уште вели дека „сме цврсто решени да не дозволиме обвинителството да биде перципирано, а уште помалку да функционира како инструмент на било која политичка партија“, а всушност го игнорира фактот дека интерпелацијата на Коцевски во Собранието беше изнудена како чист израз на партиските политики.

Инаку, очигледно е дека сагата со притисокот Коцевски да си поднесе оставка им одговара на партиите на власт затоа што со денешното распишување на локалните избори за 19 октомври, се запираат сите постапки за именувања и разрешувања. До номеври, кога отприлика треба да завршат изборните правила, партиите на власт ќе продолжат со притисокот врз правосусдството за дневни политички, а сега и изборни поени, како што го правеа тоа и за време на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Зачлени се на нашиот е-билтен