Најголемиот европски производител на автомобили, Фолксваген, планира да намали повеќе од 35.000 работни места во Германија до 2030 година како дел од планот за намалување на трошоците, избегнувајќи затворање на фабрики и отпуштања. Оваа одлука е дел од договорот постигнат меѓу компанијата и претставниците на работниците.
Според договорот, никој нема да биде отпуштен или прогласен за технолошки вишок до 2030 година. Наместо тоа, намалувањето на работната сила ќе се постигне со тоа што не се ќе заменуваат вработените кои заминуваат во пензија.
Договорот предвидува „социјално прифатливо намалување на работната сила“ од повеќе од 35.000 работни места, што претставува 29% од вкупната работна сила во фабриките на Фолксваген во Германија. Со ова, компанијата очекува да оствари заштеда од околу четири милијарди евра на среден рок.
Овој потег е дел од напорите на Фолксваген да ја стабилизира својата финансиска ситуација без радикални мерки како затворање на фабрики или масовни отпуштања.