Стотици возила заглавени на Блаце при влез од Македонија во Косово, се чека со часови. Фотографиите што ни испратија граѓаните сведочат за километарски колони и за хаос бидејќи никој не го регулира сообраќајот.
Од информациите што пристигаат станува збор за колона долга 12 километри и се заклучува дека метежот е на македонска страна и дека нема контрола ни регулирација од официјални лица.


