Глобалната состојба со слободата се влошила во текот на минатата година, додека авторитарните режими зајакнале, покажува годишниот извештај на „Фридом Хаус“.
Иако доминираат негативни трендови, извештајот забележува и неколку позитивни примери, особено во Јужна Азија. Според методологијата на организацијата, секоја земја се оценува со поени од нула до сто, каде повисокиот резултат значи поголема слобода. Врз основа на тоа, државите се класифицираат како слободни, делумно слободни или неслободни.
Оваа година, Сенегал и Бутан добија статус на слободни земји, додека нашата земја останува во категоријата делумно слободни, со исти 67 од 100 поени, додека пак во 2023 година имаше 68 поени.