Во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом Хаус“ се посочува дека Северна Македонија забележала демократски напредок изминатата година, и е прворангирана во Западен Балкан.
Покрај Северна Македонија како најдобро рангирана во регионот, второто од Западен Балкан го делат Србија со Црна Гора и Албанија.
Северна Македонија добила оценка 3.86 за демократски прогрес, а во претходниот извештај оваа оценка била 3.82. Во категоријата национално демократско владеење државата добила оценка 3.50, за изборен процес 4.50, за граѓанско општество 4.75, за независни медиуми 3.50, за локално демократско управување 4.25, за судска рамка и независност 3.25, додека за корупција била оценета со 3.25.
Во извештајот е наведено дека во Северна Македонија се нотира силна политичка поларизација и парламентарните блокади и дека тие блокади го попречиле усвојувањето на законодавството на национално ниво.
Од друга страна нотиран е прогресот на локалните власти во однос на транспарентноста, граѓанското учество и меѓуопштинската соработка, со забележително учествуваат во позитивно влијание врз демократијата и исполнувањето на јавни услуги.
Генерално, земјите од Западен Балкан искажале разочарување во однос на пристапувањето во Европската Унија.
„Граѓаните на Западен Балкан се чувствуваат напуштени од домашните елити кои се спротивставуваат на демократските реформи и од меѓународните елити кои немаат решеност да го следат процесот на пристапување“, пишува во извештајот на Фридом Хаус.