ФЗОРСМ ја известува јавноста дека осигурениците можат да ги остваруваат правата преку Подрачните служби на Фондот, кои во континуитет ќе ги примаат барањата. Покрај ова, Подрачните единици се достапни и телефонски преку јавно објавени линии за информации за осигурениците, на кои истите можат да се обратат.
Барања за нови породилни боледувања исто можат да се поднесат директно преку Подрачните единици на Фондот.
Експертските тимови работат 24/7 на справување со предизвиците и нивно отстранување во најбрз можен рок, приоритет се дава на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите.
Пациентите ќе можат и понатаму непречено да се лекуваат на сите клиники како и преку матичните лекари кои можат да вршат прегледи, да издаваат упати и рецепти кои се подигнуваат во аптеките без застој.
Непречно функционират и лекарските комисии, со запазување на законски предвидените рокови согласно проценката од страна на членовите на комисиите кои можат да бидат соодветно продолжени. Воедно, непречено се остваруваат и правата поврзани со итните ортопедски помагала.
Во интерес на прецизно информирање на граѓаните, во најбрз можен рок, и штом се утврдат повеќе информации, граѓаните ќе бидат навремено известени.