Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Г.г. Стефан: Овој Велигден го славиме во канонско единство, да се чуваме од поделби и да бидеме духовно и национално обединети

Годинашниов Велигден, за првпат по забранувањето на дејноста на Охридската Архиепископија во 1767 година, го прославуваме во радоста на единството со сите останати помесни Православни Цркви. Му благодариме на воскреснатиот Христос Бог поради тоа, и просиме Неговата благодат богато да се излева врз православниот македонски народ, но и врз сите што живеат на просторите на нашата Македонија, и да нè сочува од разните поделби и непријателства. Единството во Православието и признавањето на нашиот автокефален статус нека ни бидат поттик за градење и за чување на нашето духовно и национално единство, се вели во честитката по повод Воскресението Христово и Велигден на Архиепископот и Македонски и на членовите на Синодот на МПЦ-ОА.

Зачлени се на нашиот е-билтен