Галетановски: Пратениците и градоначалниците да се откажат од платите за повредените деца во Кочани

Поранешниот директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, повика сите 120 пратеници и 80 градоначалници да се откажат од својата мартовска плата и дневници и да ги донираат за повредените деца во Кочани и нивните семејства.

„Една плата е ситница за функционерите, но на куп тоа се околу милион евра – сума што многу ќе им значи на семејствата, кои веќе имаат, а и ќе имаат сериозни трошоци за нега, лекови, психолошка поддршка“, изјави Галетановски.

Тој нагласи дека оваа иницијатива би била гест на солидарност и одговорност кон најпогодените од трагедијата во Кочани.

Зачлени се на нашиот е-билтен