Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Галетановски: Секој што сака да биде градоначалник мора да излезе од филмот да исполнува партиски желби по цена на скопјани

Секој што сака да е градоначалник мора да излезе од филмот да исполнува партиски желби по цена на скопјани, вели во Фејсбук статус поранешниот директор на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски.

-Ако некој е способен раководител или директор кој ја подигнал вредноста на инстутуцијата, тврдам дека нема да биде сменет, ако понуди деполитизација на целокупниот систем, деполитизација на градската администрација, посочи тој во интервјуто за ТВ24.

Галетановски додава дека имаме администрација која наместо да ги решава проблемите на граѓаните тие буквално се занимаваат со политика, токму затоа е потребен градначалник кој ќе избере способни кадри, но и да воспостави добра комуникација со советничките групи.

-Сега во Градот владее хаос. Документите со кои аплицирав во Град Скопје на конкурсот за директор на ЗОО ми се изгубени. Град Скопје ги пратил по пошта да ми се вратат и до денеска ги немам добиено – вели Галетановски и посочува дека некои од документите му биле оригинал и најавува дека ќе тужи.

Тој додаде дека на крајот од месецот ќе заврши сондажата во СДСМ за кандидати за градоначалник на Скопје и од бројките на анкетите ќе зависи дали тој како претседател на скопската организација на СДСМ ќе биде кандидат од оваа партија.

Зачлени се на нашиот е-билтен