Од Јавното обвинителство соопштуваат дека склад за гориво постоел во непосредна близина на дискотеката „Пулс“, каде на 16 март настана катастрофален пожар со голем број настрадани и повредени.
-При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат, велат од ЈО.
Српски „Информер“ објави видео на кое може да се види дека до импровизираната дискотека „Пулс“ имало мини-бензинска станица со закопана цистерна со 10 тони нафта.
„Информер“ пишува дека можело да биде кренат во воздух целиот град Кочани. Имено, сопственикот на дискотеката има затрупан резервоар за нафта на околу 50 метри, а според мештаните таму наводно има околу 10 тони нафта.
На „Информер“ му го покажаа местото на наводно нелегално ископаниот нафтен бунар, а како што кажале локалните жители, само од чиста среќа целото место не било крената во воздух.