Генерал Лафчиски е на состанокот на шефовите на генералштабовите на европските земји за Украина во Париз

Генерал-мајор Сашко Лафчиски, Фото: АРМ
Генерал-мајор Сашко Лафчиски, Фото: АРМ

„Информираме дека  началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, учествува на состанокот во Париз, кој ќе се реализира во рамките на парискиот Одбранбен и безбедносен форум, а е во организација на началниците на Генералштабовите на Франција и Обединетото Кралство“, се вели во одговорот на Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на АРМ, на прашањето на Рацин.мк дали началникот генерал-мајорот Сашко Лафчиски е на состанокот на началниците на генералштабовите на европските земји чиј домаќин е францускиот претседател Емануле Макрон.

Од КОЈ уште информираат дека „целта на овој состанок е да се презентираат заедничките размислувања на организаторите“.

Како што е познато, францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз ќе биде домаќин на началниците на генералштабовите на земјите кои се подготвени да преземат одговорност за Украина и зајакнување на европската безбедност.

Меѓу учесниците има воени претставници од 30 земји од ЕУ и/или НАТО, меѓу кои Велика Британија и Турција. Средбата ќе се одржи во тесна координација со воената команда на НАТО.

Зачлени се на нашиот е-билтен