Георг Георгиев: Бугарија нема и не може да има дополнителни услови за Македонија

Важно е да се напомене дека Бугарија нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапување на РСМ во ЕУ, забележал денес министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев, според БГНЕС.

-Членството во ЕК не е дадено, тоа се базира на специфични критериуми и услови, кои секоја земја-кандидат за членство мора да ги исполни, нагласил георгиев пред новинарите, коментирајќи го пред новинарите одложувањето на гласањето за напредокот на Република Северна Македонија во ЕК, што беше предлог на Томас Вајц.

Минатата недела, Народното собрание донесе одлука според која Бугарија останува целосно ангажирана околу европскиот консензус од јули 2022 година. Во одлуката, бугарските власти, исто така, ја повикуваат Македонија строго да ги почитува првичните договори.

Според зборовите на министерот Георгиев, Бугарија ја сфаќа важноста на проширувањето на ЕУ и европската интеграција на земјите од Западен Балкан, „но ние, исто така, го потврдуваме принципот на сопствени заслуги. Важно е да се напомене дека Бугарија нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапување на РСМ во ЕУ“, забележа министерот Георгиев.

Зачлени се на нашиот е-билтен