Скопје 2024 Европска претстолнина на ѓубрето, место каде ѓубре вируси и бактерии оро водат. Оваа порака ја испраќаат од Центарот за современи уметности CAC преку спроведување на герила акција со цел подигнување на свеста за ѓубрето во нашиот главен град.
„По не успешните обиди за Европска претстолнина на младите 2027 и закочениот процес на подготовки за престижната титула Европска претстолнина на културата 2028, оваа година на Скопје му се посреќи да биде прогласен за Европска претстолнина на ѓубрето“, велат од Центарот.
„За време на номинирањето и на доделувањето односно поставувањето на знаковите со наградата на различни локации низ градот (најчесто околу контејнерите ) имавме шанса да лоцираме и видиме над 80 ѓубришта околу контејнерите со просечна големина од 40-100м2. Интересно е што најгоелм дел од овие ѓубришта креирани од неодоворните граѓани на неодговорниот град во кој функционира неодговорното јавно претпријатие. При мониторингот на ѓубриштата во населбите Центар, Аеродром и Синѓелиќ (Ченто) и позади Народна банка на РМ забележително беше дека некои од ѓубрињата стојат и со месеци и не се собираат (ова беше потврдено и од локалните жители) иако контејнерите повремено се празнат.Она што исто така е забележително е дека во последно време и разни напуштени простории низ градот се трансформираат и користат како размножувачи на вируси и бактерии односно како тајни јавни тоалети и простории за складирање на ѓубре. Претпоставуваме дека ова складирано ѓубре е наменето за таканаречени не дај боже ситоации во случај ако некоја невидлива сила го собере ѓубрето од ѓубриштата околу контејнерите, истите да служат како депоа и резерви за ѓубре за да не ја загубиме престижната титулата Европска претстолнина на ѓубрето 2024 но и да имаме предност да ја задржиме титулата во 2025. Куриозитет и потенцијална атракција е нај интересната тајна скривница на ѓубре и фекалии во затворен простор од над 400м2 која имавме можност да ја лоцираме во стариот трговски центар кај пазарчето во населба Лисиче за која локаните жители ни рекоа дека потекнува уште од пред 2 години кога се појавија првите можности за избор на нашиот град за Европска претстолнина на ѓубрето во 2024“, посочуваат од Центарот.Со оваа акција тие велат дека сакаат да одадат почест на сите сограѓани, градот Скопје, општините на градот СКопје и јавните претпријатија кои помогнале во остварувањето на секој Скопјанец а тоа е да се добие престижната титула Скопје 2024 Европска претстолнина на ѓубрето, место каде ѓубрето, вирусите и бактериите оро водат.