Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека не треба да се очекуваат нови договори во однос на пристапувањето на Северна Македонија во Европската унија и посочи дека македонскиот јазик е веќе содржан во Преговарачката рамка без никакви квалификации. 

По потпишувањето договор за изградба на Европска куќа во Струга одговарајќи на новинарско прашање дали е можно барањето на ВМРО-ДПМНЕ Советот на Европската Унија да усвои нов документ со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет и јазик, Гир истакна дека македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка без никакви квалификации.

– Прво нешто што треба да кажеме дека на патот кон ЕУ не се губи националниот идентитет, јазикот и културата. И секако македонскиот јазик веќе е во рамката за преговарања без никакви квалификации. Што се однесува до очекувањата не верувам дека може да има подобар или да се очекува подобар договор со Бугарија, од тоа што беше договорено и доведе до отворање на преговорите минатиот јули, рече Гир.

Тој нагласи дека не треба да се очекуваат нови некакви договори, гаранции или ветувања што се однесува до процесот на пристапување.

– И секако од искуството што ги гледаме од другите земји, фокусот треба, и е на реформите, значи промените што треба да се случуваат. И со тоа вашиот идентитет, како и идентитетот на земјата се зајаканува. 

Зачлени се на нашиот е-билтен